Границите на ЕУ ке останат затворени за Македонија до крајот на јули, а од листата безбедни земји најверојатно ке бидат исфрлени Србија и Црна Гора. Ова се првичните информации од Брисел , каде се подготвува новата ревидирана листа на трети држави на кои ке им биде дозволен влез во Унијата. Се очекува оваа листа да биде објавена следниве два дена. На претходниот список , објавен минатиот месец, главен услов за отворање на границите беше државата да има помалку од 16 случаи на 100 000 жители во период од две недели. Листата се разгледува на секои две недели, а во зависност од епидемилошката слика може да се промени.