Градоначалникот на општина Струмица Коста Јаневски, денеска, одржа работна средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. На средбата, се разговараше за актуелните состојби и активности од областа на земјоделството, како што се чистењето на одводните канали и речните корита, тампонирање на полските патишта и одржување на постојните и изградба на нови системи за наводнување, информираат од Општина Струмица.
Додаваат дека локалните власти, во рамките на своите надлежности, веќе работи на чистење на одводните канали во четири населени места, а на средбата Јаневски и Николовски се договорија за проширување на овие активности кои ќе дадат и поголем ефект во намалувањето на ризиците од поплави.