Според првиот човек на Струмица, општинските служби ги следат редовно вредностите на загадувањето што ги покажува мерната станица и засега нема простор за паника. Јаневски во интервју за емисијата Vis a Vis којашто ќе се емитува вечерва во 20.30 часот рече дека одговорно и посветено се однесуваат кон овој проблем.