Градоначалникот на Општина Дојран присуствуваше на Саемот за туризам во Белград, на панел-дискусијата за поефикасно искористување на сите богатства со кои располага целиот регион.
Тој се осврна на Општина Дојран како македонски бисер кој допрва ќе се открива од балканските и странските посетители и инвеститори. Голем број на тур оператори пројавија интерес за Дојран и тоа не само како дестинација за летната сезона туку и надвор од неа.
„Ме радува фактот што заинтересираноста за Дојран како туристичка дестинација е сѐ поголема, што се должи на интензивното вложување и инвестирање во општината“, порача Ангов.