Градоначалникот на Општина Василево, Славе Андонов, деновиве е во работна посета на Општина Согут, Република Турција, каде се сретна со повеќе преставници како на локалната, но и на државната власт.
Општина Согут, Република Турција е првата општина со која општина Василево се има збратимено. Градот е познат по тоа што Отоманците својата империја ја основале токму овде. Град со голема традиција и историја.
Славе Андонов оствари средба со градоначалникот Ismet Sever и со неговиот тим на стручни работници, советници и општинска администрација. Разговараа за надлежностите, актуелните проблеми и предизвици, кои се сличностите и разликите на локалните самоуправи.
Градоначалникот Андонов им се заблагодари на домаќините за одличниот дочек и целосното внимание кое го приредија. Тој најави дека посетата ќе продолжи со присуство на свеченостите кои ги организираат од страна на општина Согут и дека Општина Василево ќе биде меѓународно препознаена и афирмирана.