• Wed. Nov 27th, 2024

Градоначалникот Костадинов ја тргна родовата еднаквост од Буџетот, ја преименува во Програма за исплата на лични асистенти за ученици со индивидуални потреби

ByВане Трајков

May 30, 2023

Советот на Општина Струмица денеска заседаваше при што на предлог на градоначалникот донесен е ребаланост на Буџетот за ова година со кој како што објави првиот човек на општината значи нови проекти за доброто на сите граѓани. 

,,Дополнително насловот на буџетската програма родова еднаквост ја преименував со нова многу приоритетна програма за исплата на личните асистенти за ученици со индивидуални потреби“, објави градоначалникот Костадин Костадинов

Инаку денешната седница ја напуштија советниците на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата заедно со советникот од Стига е, од причина што тие не сакаа да се симне од дневен ред точката за Измени и дополнувања на Програмата за еднакви можности на општина Струмица за 2023. Советниците на ВМРО ДПМНЕ побараа  истата да се стави како прва додека коалицијата на СДСМ инсистираа да се повлeче ова точка .