Градоначалникот Костадин Костадинов ја одржа првата официјална средба со членовите на новоформираниот Локален младински совет, кој има советодавна и застапувачка улога во Општината.
На средбата се разговараше за актуелните младински прашања и предизвици, за функционирањето на Локалниот младински совет кој всушност треба да биде линкот, односно гласот на младите до Општината.
„Новата работна недела ја започнав со полн кабинет млади луѓе.
Уште една потврда дека за мене младите не се само иднина на хартија, туку и актуелни учесници во општинските политики и процеси.
Јас дадов збор дека Струмица ќе биде град на младите и горд сум на тоа што досега заедно со нив го направивме.“ – истакна Костадинов.
На средбата бил формиран Локалниот младински совет, изработена е и Локална стратегија за млади 2023-2027, Младинскиот центар во општинската зграда е во завршна фаза, се обезбедува финансиска поддршка за младинските бизнис иницијативи и има официјален службеник за млади.