• Wed. Nov 27th, 2024

Градоначалникот Костадинов изврши увид на интензитетот со кој се гради Социјалната населба

ByЃ. K.

May 13, 2024

Денеска градоначалникот Костадинов заедно со своите соработници и членови на Советот изврши увид на интензитетот со кој се гради Социјалната населба – најголемиот капитален проект и од финансиски и од социјален аспект за Струмица.

Во оваа прва фаза која чини 100 милиони денари коишто се обезбедени преку Владата на Македонија се завршени потпорните ѕидови, изведена е фекална и атмосферска канализација, поставено улично осветлување, се асфалтираат улици и поставуваат тротоари.

За втората фаза распишана е јавна набавка за избор на проектант кој ќе ги проектира куќите коишто ќе бидат достоинствени домови и во третата фаза е дислокацијата на долното Турско маало.

„Од срце за граѓаните од долното и горното Турско маало и нивната нова урбана населба за живот каков што заслужуваат“, напиша градоначалникот Костадинов на својот фејсбук профил.

By Ѓ. K.