• Sat. Nov 23rd, 2024

Градоначалникот Костадинов и премиерот Ковачевски во посета на градинката „Виножито“

ByЃ. K.

Nov 27, 2023

Градоначалникот Костадинов, премиерот Димитар Ковачевски и министри од Владата, денеска од новата градинка „Виножито“ пуштија силна порака за важноста на соработката помеѓу локалната и централната власт. Токму оваа градинка е плод на таквата соработка, поддржана од Светска банка.

Како Општина на која децата и се приоритет, а во соработка со ресорните министерства, постојано се инвестира во подобрувањето на капацитетите на градинките и училиштата.

Во инфраструктурното уредување околу новата градинка досега е инвестирано 20 милиони денари, тоа е улицата „Атанас Јанев“ со тротоарското уредување, улицата број 1 е веќе пробиена со општински средства од 9 милиони денари, а што претставува ново грло во населбата Касарна.

Градоначалникот Костадинов најави дека продолжуваат понатаму уште посилно, а особено во населените места. Целта е да се мотивираат што повеќе граѓани да останат да живеат таму, а обврска е да се инвестираме во подобрувањето на условите за живот и да се спречи миграцијата село – град.

By Ѓ. K.