Денес градоначалникот Костадин Костадинов во својот кабинет им посака добредојде на две еминентни гостинки од Шведската амбасада, амбасадорката Ami Larsson Jain и нејзината заменичка Биби Грамсон.
- „Ја искористив оваа ретка и прекрасна можност да ги запознаам првите две дами на шведската Амбасада, со природните, културно-историските и туристичките белези на нашата општина, со стопанските потенцијали на Струмица, како и со активностите на нашата единица на локална самоуправа“, истакна Костадинов.
Средбата ја искористија и за размена на мислења на актуелни теми, за поддршката на Кралството Шведска за влезот на Република Северна Македонија во Европската Унија, но и за можностите за негување и унапредување на соработката на повеќе полиња меѓу Амбасадата на Шведска и Општина Струмица.