Градоначалникот Костадинов на сите припадници на СВР Струмица им го честиташе 7 Мај – Денот на македонската полиција. Тој на своите социјални мрежи објави:
„Полицијата постои за да се грижи за мирот, граѓанскиот ред, јавната безбедност и примената на законите. Таа треба и мора да биде во служба на граѓаните и да ги штити нивната сигурност и сигурноста на нивните материјални добра.
Граѓаните сакаат професионална, одговорна и будна полиција која ќе им биде пријател и гарант за мирен и безгрижен сон.
На сите припадници на СВР Струмица им го честитам 7 Мај – Денот на македонската полиција.“