„Продолжува градежната офанзива и јакнењето на различностите и мултиетничноста, затоа што тие се богатството на Струмица“, истакна градоначалникот Костадинов.
Граѓаните од Турското маало, а посебно младите меѓу кои има големи број спортски таленти, бараа мултифункционално игралиште и тоа веќе се гради на местото на старата руинирана маларична болница.
Завршени се потпорните ѕидови, ќе се врши тампонирање на земјата, потоа следува оградување на целото игралиште, асфалтирање и поставување на потребните спортски реквизити.
Со планираниот паркинг се задоволуваат потребите на верниците кои ги посетуваат џамијата и црквата „Свети 15“, но и за автобусите со туристи кои се додадена вредност на струмичката економија.
Се решава и проблемот со турските гробишта, но и водоснабдувањето во летниот период со новите резервоари и водовод во Социјалната населба во вредност од 300 илјади евра.