Општина Струмица продолжува со реконструкција на детските и спортските игралишта и паркови во населените места.
Градоначалникот Костадин Костадинов денеска изврши увид во градежните зафати во населеното место Сачево, каде е уреден паркот со поставување клупи и се чисти главниот одводен канал.
Градоначалникот Костадинов најави уште еден проект кој се однесува на спортските игралишта таму каде што ги има и за домовите на културата кои веќе се реконструираат, како што е во селото Куклиш, каде веќе е во фаза распишување на втората јавна набавка за продолжување на реконструкцијата на овој објект.
Прилог на Ивана Вангелова