Почннува тестирањето на коронавирус на вработените во градинките, извести министерот за здравство, Венко Филипче. Треба да бидат тестирани речиси 2.000 вработени во градинките во земјата, пренесува Макфакс.
„Десетина дена би требало да трае скиринингот, почнува денес. Имаме реални шанси да го зголемиме бројот на тестови што ќе се прават дневно со ослободувањето на капацитетите во лабораториите, па можно е тестирањето да заврши и побргу“, рече министерот Филипче.
Планот е сите градинки да се отворат истовремено во целата држава, а нивното отворање ќе го следи враќањето на работа на родителите. Секој вработен, покај тестирањето, ќе треба да пополни и епидемиолошка анкета во однос на условите во кои живее, околината, семејството, за да се направи процена на ризикот од евентуално заболување. Целта на таргетираното тестирање на вработените во градинките министерот вели дека е откривање на асимптоматските случаи и отфрлање секоја можност децата да бидат изложени на вирусот.