Регулаторната комисија за енергетика одлучи да ги зголеми цените на горивата за еден денар.
Според одлуката, малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ од полноќ ќе изнесува 60,50 денари за литар. „Еуросупер БС-98“ ќе се продава по 62,50 денари за литар, додека дизелот за 52 денари за литар.
Поскапо за еден денар ќе биде и Екстра лесното масло за домаќинство.Тоа ќе се продава за 41 денар за литар.
Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,510 ден/кг во однос на претходно утврдената цена со што тој ќе се продава по 25,396 ден/кг.
Зголемувањето на цените, како што соопштија регулагторите, се должи на поскапувањето на цената на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период.