Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која од полноќ горивата поевтинуваат за половина денар.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 денари/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 денари/литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,690 денар/килограм и сега ќе изнесува 41,445 ден/кг.