Младиот голман на ,,Хоризонт Турново,, Кристијан Стоилков ќе ја продолжи својата рехабилитација во Соча Словeнија, пишува ,,Македонски спорт,, кој ја покрена иницијативата за собирање средства за негово лекувње откако заработи стравична повреда во дуелот со Брегалница. Во акцијата што ја покрене дневниот весник ,,Македонски Спорт,, а на која се приклучи целата македонска јавност, собрани се доволно средства за да биде испратен младиот Стоилков во националниот институт за рехабилитација во Словенија
,,Далеку подобро се чувствувам почнав и да одам, да се движам. Она што следува во рехабилитациониот процес навистина многу ќе ми помогне.,, истакнал Стоилков за весникот Македонски спорт, објавува нивниот протал www.sport.com.mk
Повеќе на http://www.sport.com.mk/?itemid=F2A38FC213CA0740B3E6D935A1ECC264