Голема хуманост и огромнии донации од струмичани за поплавените во Скопје и Тетово. Уште од синоќа на сцената на „Струмица опен фестивал „во големиот градски парк беше отворен хуманитарен пункт, каде граѓаните донираа облека, конзервирана храна, флаширана вода, средства за дезинфекција и лична хигиена. Акцијата продолжи и денеска, а ќе трае до 22 часот.
Во меѓувреме и ОО на Црвен крст од Струмица организира хуманитарна акција. Од таму апелираат сите оние кои сакат да донираат тоа да го сторат до четврток најкасно до 18 часот. Сите артикли потоа ќе бидат транспортирани до складиштето на Црвениот крст во Скопје.
Инаку од вчера и денеска активностите на „Струмица Опен Фестивал“ се прекинати, а продолжуваат утревечер по предвидената програма.
Хуманитарната акција за настраданите во Скопје и Тетово продолжува и во наредните денови. Освен тоа, граѓаните можат да донираат и на бројот 143 400 на сите мобилни оператори.