• Wed. Nov 27th, 2024

Голем интерес кај земјоделците од струмичко и радовишко за грантовите за агроеколошки мерки во висина од 5 илјади евра

ByВане Трајков

Jan 17, 2018

Програмата за развој на Обединетите нации  во партнерство со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, во рамките на Проектот за управување со сливот на реката Струмица, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, почна со втор циклус на обуки за земјоделците – кандидати за грантови за воведување на современи агроеколошки мерки.Обуката содржи интензивен теоретски и практичен дел кој ќе трае до крајот на март 2018 година.

Средствата ќе ги добијат најдобрите учесници кои успешно ќе ја завршат обуката и ќе го положаттестот на знаење. Добитниците на грантови во висина до 300,000 денари ќе бидат прогласени воаприл 2018 година, кога се очекува да започне и практичната реализација на мерките.

Во вториот циклус на обуки се бидат вклучени повеќе од 80 земјоделски производители. Од нив,ќе бидат избрани најмалку 30 грантисти и тоа 10 за овоштарство и 20 за градинарство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *