• Fri. Nov 22nd, 2024

Голем дел од струмичките лекари од утре нема да користат „Мој термин“

Голем дел од струмичките лекари од утре нема да користат „Мој термин“ , велат дека нема да ги остават пациентите на цедило ќе работеле во системот само со итни случаи. Ова е протест на докторите од малите средини и амбулантите со мал број пациенти, кои се судруваат со можноста за затворање, оти со постојната капитација не можат да опстанат.

„Овој протест е поради низа причини со кои се судруваме во работата, како малата капитација од 65 денари која е донесена од 2018. Со овие средства треба да се плати медицинска сестра со минимална плата од 18.000 денари, да се плати зголемена сметка за струја. Има колеги во малите места каде бројот на пациенти се намалува и тие се судруваат со можноста од затворање на амбулантите. Здружението е на сите приватни лекари и затоа го правиме овој протест“, ја потврдуваат изјавата на претседателката на комората Чолакова

Лекаруите велат дека незадоволството кај матичните доктори се натрупало изминатиот период, имало различни мислења како да се искаже и се решиле со протест. За утре попладне е акажана средба од заменикот-министерот за здравство.

Поради лошата состојба во приватното здравство, бројот на доктори од 1.800 се намалил на 1.436.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *