Голем број верници синок и утрово беа во црквата „Свети Кирил и Методиј” во Струмица, за да се поклонат на дел од моштите на Свети Василиј Велики кои традиционално се изложуваат во ова црква за време на празникот Василица.
За православната црква Свети Василиј Велики е еден од нејзините столбови или како што бил наречен „око на православната црква и уста на Светиот Дух” а дел од моштите на овој светец во Струмица биле донесени од Кападокија од ., од војник од овие краишта кој служел во војската на Турската империја.