• Mon. Nov 25th, 2024

Годишно собрание на Локална акциска група „Бојмија“

Во Богданци се одржа Второто годишно собрание на Здружението Локална Акциска Група – Бојмија. Со Собранието раководеше претседателот Ристо Атанасовски во присуство на членовите на највисокиот орган на ЛАГ Бојмија, претставници на четирите општини од регионот, правни субјекти, невладини организации и физички лица.
На Собранието се расправаше за активностите на Здружението за периодот меѓу двете годишни собранија и за програмата за работа за тековната година, а се усвои и новата Стратегијата за развој на рурална средина со акциски план за дејствување во опфатот на ЛАГ-от Бојмија.
На Годишното собрание се донесе и одлука за висината на членарината за членство во Здружението, по што се отвори расправа за објавениот јавен повик од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Се донесе одлука Здружението ЛАГ Бојмија да аплицира на објавениот повик, со апликација која што членството на Здружението дополнително ќе ја утврди, по извршените консултации со сите чинители на Здружението.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *