Ракометарите на РК Астарион ја забележаа втората првенствена победа во Првата лига. Го надиграа тимот на Куманово во гости со резултат од 30 :27 во меч во кој доминираа струмичани претежно голманот Гогов и расположениот стрелец Ончев.
Куманово имаше предност од еден до два гола само во почетните минути по што стапи на сцена Васил Гогов кој стана енигма за кумановчани како да ја затресат неговата мрежа. Со неколкуте негови одбрани, астраионци во финишот од првото полувреме дојдоа до резултатски пресврт но и предност од четири гола или 11:15 за струмичани
Во второто полувреме струмичани ја продолжија својата фантастична игра и не дозволија во ниту еден момент Куманово да направи изненадување кој мораше пред своја публика да се предаде во корист на Астарион
Голманот на струмичани Васил Гогов имаше фантастични 14 одбрани и тоа во клучни моменти а во нападот блескаше Иванчо Ончев кој постигна дури 13 голови. Живко Стојанов пет пати ја тресеше мрежата на домаќините а Филип Кавазов во 4 наврати. По два гола постигнаа Дарко Катранџиев, Александар Велков и Џоче Касапов. Во листата на стрелци се запишаа и Борче Кочев и Стојан Стојанов
Со ова втора победа во групата 2, Астраион има вкупно 7 бода и веќе се проби на третата позиција на прволигашката табела
Следното коло астраионци го пречекуваат тимот на Младост 09 од Богданци и тоа во недела во салата Парк.