• Fri. Nov 22nd, 2024

Главниот шведски епидемиолог призна дека од денешен аспект би имал друг пристап кон пандемијата

Главниот шведски епидемиолог, кој стои зад стратегијата земјата да не применува строги мерки поради пандемијата на коронавирусот, призна дека требало да се воведат повеќе ограничувања за да се спречи ширењето на Ковид-19, јави денеска Би-би-си, пренесува Макфакс.

Со месеци Андерс Тегнел го бранеше својот пристап, поради кој Шведска не се затвори како другите земји, како поодржлив, критикувајќи ги другите за нивните премногу ограничувачки мерки.

Но, утрово во интервју за шведско радио тој се согласил дека во неговата земја умреле премногу луѓе.

„Кога би се соочиле со истата болест сега, знаејќи точно што знаеме денес, мислам дека би биле некаде на половина пат помеѓу она што го направи Шведска и она што го направи остатокот од светот“, рече тој.

Шведска има најголема стапка на смртност во светот. Повеќе од 4.400 луѓе починале, а 38.500 се заразиле.

Данска, Финска и Норвешка заедно имаат околу 1.100 смртни случаи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *