Денес се навршуваат 109 години од загинувањето на македонскиот херој и војвода Јане Сандански.
По тој повод градоначалникот Костадинов присуствуваше на чествувањето на патрон празникот на СОУ „Јане Сандански“ и положи свежо цвеќе пред спомен бистата на Сандански која се наоѓа во дворот на училиштето.
„На сите ученици и вработени во СОУ „Јане Сандански“ им го честитам патрон празникот на училиштето и им посакувам успех во примо-предавањето на знаења и вештини“, напиша градоначалникот Костадинов.