Ковид 19 ја помести перцепцијата за лекување на останатите патологии со кои се соочуваат пациентите. Струмичката болница во која гравитираат околу 250 илјади пациенти од речиси целиот југоисток под посебни здравствени протоколи ги третира и заболувањата кои не престанаа со појавата на пандемијата.
Пред урологија, ортопедија и хирургија денес затекнавме пациентичекаа пред амбулатите за преглед, векат дека лекарите работат , примаат пациенти и не се чувствуваат запоставено.
Инвазивните зафати течат според протоколите со негативен ПЦР тест. Се третираат сите патологии без исклучоци,
Лекарите велат дека доколку пациентот побара лекарска помош за било која задравствена услуга притоа се позитивни на Ковид 19 , паралелно се лекуваат и од вирусот и од заболувањето кое не смее да се доведе до акутна состојба.