Гевгелија по 29 пат го организираше Традиционалниот планинарски марш „Перо Илиевски“
Планинарскиот клуб „Кожуф“ од Гевгелија по 29 пат го организираше Традиционалниот планинарски марш „Перо Илиевски“, чија планинарска маршута е Конско-Ума, во должина од 18 километри. И покрај лошите временски услови, организаторите велат дека маршот бил успешен, со 100-тина учесници, не само од Гевгелија, туку и од: Струмица, Неготино, Кавадарци, Берово и Штип.
По пристигнувањето во Ума, ЗПСК „Кожуф“- Гевгелија им додели благодарници на гостите- членови на Планинарските друштва од државата кои учествуваа на маршот и спонзорите и помагателите: Атанас Кичуков, Месната заедница „Ума“, Црковниот одбор на с. Ума, Здружението на Власи „Мегленија“ и членовите од фамилијата Илиевски, во чест на Перо Илиевски.
Како и признанија за најмлад и најстар учесник на планинарскиот марш- Емилија Танева (9 години) и Лазар Кочев (78 години).