• Sat. Nov 23rd, 2024

Гевгеличани уживаа во изведбата на претставата „Татко“ на театарот „Јордан Хаџи Константинов“ од Велес

ByЃ. K.

Sep 28, 2023

Гевгеличани уживаа во изведбата на претставата од репертоарот на Театарот „Јордан Хаџи Константинов“- Велес, „Татко“, којашто долови реалистични односи меѓу родител-дете.

Фантастичната актерска игра, пред сѐ на Јордан Витанов преку реминисценциите, како и на Маја Љутков, Жарко Спасовски, Славица Манаскова, Благојчо Стојанов и Симона Димковска, ги натера гевгеличани да се потсетат на животните искуства, одминати или сегашни, наградувајќи ги со заслужен аплауз. Зашто секој се нашол во ситуации и улоги коишто ги обработува претставата – било оние што ја следат претставата или пак оние што ги толкуваат улогите.

„Праведни ли се децата во носењето одлуки кога нивните родителите им стануваат товар од која било причина?“, е прашањето, чиј одговор го дава „Татко“, во режија на Ненад Витанов.

By Ѓ. K.