Со 11 гласа за и само 4 воздржани беше донесена одлука Гевгелија да организира уште еден регерендум.
Советниците од Гевгелија синоќа на итна седница донесоа одлука-ќе има уште еден референдум на локално ниво
На 15 октомври за кога се закажани локалните избори,во истиот ден граѓаните ќе имаат можност покрај гласачкото ливче на кое треба да го дадат својот глас за иден градоначалник ќе добијат уште едно ливче, со прашање ,,Дали се за или против населување и интеграција на мигранти на подрачјето на општина Гевгелија,,.
Првиот човек на општината во интервју за гевгелиската локална телевизија Нова Тв изјавува дека воопшто не била иста стратегијата на министерството за труд и социјалана политика донесена од предходната влада со онаа која во моментов ја усвои министрството за наредните десет години.