Гевгеличани бараат вакцинирање на граѓани на нивните работни места
Зголемен е бројот на позитивни пациенти во општина Гевгелија.Ова го покажува и бројот на хоспиталзиирани лица ,како и бројот на пациенти кои во тек на 24 часа се прегледуват и по стотина.Во насока на амортизирање на оваа крајно загрижувачка ситуација и подобрување на вакциналниот статус на населението во Гевгелија и околните општини, превземена е иницијатива за вакцинирање на заинтересираните граѓани на нивните работни места вели директорот на општа болница Митко Крџев.