• Fri. Nov 22nd, 2024

Гевгелиските пожарникари кои спасуваа се вратија од Турција

ByВане Трајков

Feb 17, 2023

Четворицата гевгелиски пожарникари Кирил Калинов, Ѓоргиев Димитар, Горан Митков и Дејан Иванов, кои во средата во доцните часови пристигнаа од турскиот град Адијаман, град од 270.000 граѓани, денеска беа на прием кај гевгелискиот градоначалник Андон Сарамандов.

„ Горд сум на гевгелиските пожарникари кои синоќа вечер пристигнаа во Гевгелија, а беа дел од спасувачката мисија во Турција, изјави Сарамандов.

Овие моменти уште еднаш покажаа дека треба да ги насочиме нашите заложби во зајакнување на капацитетите на нашите противпожарни единици.

Во мое име и во име на граѓаните на општина Гевгелија изразувам благодарност за овој чин на хуманост и човечност“

Во Турција, гевгелискиот тим заедно работеше во состав на македонскиот спасувачки тим составен од пожарникари спасувачи од неколку општини и вработени во Дирекцијата за заштита и спасување.

„ТППЕ Гевгелија седум дена неуморно беше во Адијаман, Турција во најпогоденото место, и ја изврши својата задача на високо ниво. 

Пожарникарите раскажуваат дека сликата од погоденото подрачје со зборови не се опишува. Имаше многу жртви, многу население кое чекаше да биде извадено. Се работеше бавно, прецизно, доколку се најде некој жив да може да се извлече“, велат пожарникарите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *