• Fri. Nov 22nd, 2024

Гевгелиските градинки засега работат без проблеми

Во детските градинки во Општина Гевгелија,во рамките на ЈОУДГ „Детска радост“, згрижувањето на децата, по повторното отворање, се одвива без проблеми.

Директорката на ЈОУДГ „Детска радост“, Елизабета Стефановска, вели дека работат согласно протоколите и ги применуваат сите заштитни мерки од корона – вирусот.

Во градинките во Општина Гевгелија се згрижуваат 440 дечиња, согласно просторните и условите пропишани со протоколите. Имено, приоритет им беше даден на деца на самохрани вработени родители и деца на коишто двајцата родители се на работа, без можност за работа од дома. При приемот на децата, на сите вработени, родителите кои ги донесоа децата и на самите деца од страна на вработените им се мери температура, вработените носат задолжително маски, а се води сметка и за потребната дистанца. Претходно, а и во тек на работењето, се врши редовна дезинфекција на објектите, со цел да видат задоволени сите заштитни мерки.           

Бројот на децата во групите е намален, во групите за јасли се згрижуваат  до 6 деца, а во групите за градинка до 15 деца, објаснува Елизабета Стефановска. Во сите шест градинки, трите во Гевгелија, а другите три во: Негорци, Миравци и Богородица, по почетниот старт, работењето се одвива вообичаено, според новите здравствени предуслови. Се надевам,  дека така ќе биде и во наредниот период, вели директорката на ЈОУДГ „Детска радост“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *