• Wed. Nov 27th, 2024

Гевгелиски Комуналец добил месечна сметка за струја од 140 илјади евра!

ByВане Трајков

Aug 19, 2022

Новата сметка за електрична енергија за месец јули, фактурирана према ЈПКД Комуналец изнесува 8.508.236,00 денари, објави порталот ТВ Нова 12 од Гевгелија повикувајки се на свои извори. Како што стои во информацијата, оваа сметка го вклучува алармот за функционирање на претпријатието во иднина.

Во изминатите 7 месеци збирот на сметките за електрична енергија изнесува 33.686.398,00 денари споредбено со првите 7 месеци во 2021 година, кога збирот изнесува 8.500.784,00 денари. Оваа ситуација на претпријатието со овие цени на услугите е неодржлива и го загрозува функционирањето, а со тоа и снабдувањето со вода на граѓаните пренесува порталот ТВ Нова 12 од Гевгелија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *