• Fri. Nov 22nd, 2024

Габрово ќе добие филтер станица за водата за пиење

Кон крајот на ноември треба да почнат првите активности во насока наобезбедување квалитетна вода за пиење на жителите на Габрово. Ова го најави градоначалникот Коста Јаневски по посетата на ова подбеласичко село, каде што проектот за изградба на филтер станица е еден од почесто бараните.

-Во Габрово се работи на асфалтирање на три улици и на уште нешто што за мене и за граѓаните на ова населено место е многу значајно и долгоочекуван проект,  а тоа е довршувањето на филтер станицата која што треба да овозможи квалитетна вода за пиење. Ги пребродивме сите технички предизвици кои што претстоеја за да можеме тој проект да го завршиме како што треба и еве можам да најавам дека до крајот на ноември ќе биде инсталирана одредена опрема која што ќе овозможи квалитетна чиста вода за пиење. Веднаш потоа следува тестирање на водоводните линии кои што постојат уште многу одамна, но кои се уште не се ставени во функција и мислам дека во догледен период, цел тој систем ќе биде ставен во употреба. Тука, во моментот се изведуваат и каскадите кои што треба да ги смират водите кои што неконтролирано доаѓаат од падините на планината Беласица и кои што во неколку наврати знаеја да направат штета, тие се таканаречни базни прегради кои што финишираат и мислам дека ќе решат еден голем проблем. Исто така, можам да најавам дека во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, аплициравме со проект за реконструкција и пробивање на туристичката патека која што води до водопадите на ова населено место и кои што се позната туристичка атракција, посебно, пробивање до третиот, односно, највисокиот и последен водопад во атарот на ова место. Од овде можам да најавам и активности кои што во моментот се случуваат во населеното место Банско, асфалтирање на три улици со должина од околу 560 метри, асфалтирање на улици има и Куклиш, во Градско Балдовци во тек се завршните активности за асфалтирање на улиците и повеќе други такви проекти кои што во наредните денови ќе можеме да ги видиме како се финишираат се согласно барањата и желбите на граѓаните кои што ги вклопивме во нашата програма за оваа буџетска година, а кои резултираа од средбите со граѓаните во претходниот период и сите тие проекти се резултат на таа заедничка соработка, рече градоначалникот Јаневски

Градоначалникот посочи дека во општината во тек се неколку инфраструктурни проекти. Целта е да се подобри квалитетот на живот на граѓаните во овој регион.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *