• Fri. Nov 22nd, 2024

Вчера казнети 92 возачи за брзо возење во Југоистокот

Вчера (5.02.2023) во периодот од 10.00 до 16.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената.

Притоа, биле констатирани  92  пречекорување на брзината, од кои 37 на подрачје на Радовиш, 35 на подрачје на Струмица, 15 на подрачје на Валандово и 5 на подрачје на Гевгелија. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

,,Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта,, стои во апелот од МВР

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *