Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов соопшти дека вчера се интервенирало на 25 локации низ Македонија.
– Шест од пожарите се во околината на Куманово, четири во Скопје и Долнени, по два во Охрид и Велес, додека по еден во Свети Николе, Штип, Валандово, Гевгелија, Новаци, Карбинци и Лозово, објави Ангелов.
ЦУК апелира до граѓаните да внимаваат кога се движат во природа за да не предизвикаат пожар.