• Sun. Nov 24th, 2024

Втора недела предизборна кампања за претседателски избори

Почнува втората недела од изборната кампања за претседателските избори во тек на која тројцата кандидати за претседателската функција продолжуваат да ги претставуваат своите програми, концепти и визии на средби, трибини и митинзи.

Претседателскиот кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и Kоалицијата, Гордана Силјановска Давкова, ќе одржи митинзи во Македонски Брод и во Кичево.

Стево Пендаровски, кандидат од СДСМ и коалицијата, ќе има средби со жители на село Мирковци во општина Чучер Сандево, по што ќе учествува на граѓански трибини во општините Бутел, Шуто Оризари и во Ѓорче Петров.
Блерим Река, претседателски кандидат поддржан од Алијансата на Албанците и БЕСА, пак, ќе има средба со граѓани во Теарце.

Силјановска Давкова ќе се претстави на централен митинг во Скопје претстојниот викенд на 13 април, а ден потоа, на 14 април, централен митинг ќе има и Пендаровски. Река ќе има завршна конвенција на 18. месецов.

Кампањата официјално почна на 1 април, а ќе трае до 19 април по што следува 24-часовен изборен молк пред денот на гласањето.

На терен продолжува и изборната кампања и на кандидатите за градоначалници во Охрид, Ново Село и во Дебар, за кои изборот се одржува заедно со претседателските избори за кои првиот изборен круг е закажан за 21 април, а вториот за 5 мај.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *