Од први до деветти јуни ќе се одржи вториот фестивал на класична музика во Струмица „Classic International festival Strumica“. Фестивалот предвидува пет концерти на повеќе локации во Струмица: Центарот за култура, Уметничката галерија, црквата „Свети 15 Тивериополски свештеномаченици“.
Фестивалот го организира обоистот Васил Атанасов, кој вели дека годинава гостуваат познати и признати уметници од Балканот.
Фестивалот на класична музика финансиски го поддржува Општина Струмица.