Временските услови оптимални за земјоделските култури
Поволните временски услови неделава, со позитивни утрински температури, овозможуваат работа на отворено во овоштарниците и лозовите насади, како и активности во градинарството и тутунопризводството кои се вообичаени за овој период од годината.
Според агрометеоролозите, пролетното време ја разбуди вегетацијата, особено кај коскестите овошки каде се забежени сите фази на цветање.
-Позитивните утрински температури и дневните кои се движат околу 20 степени, се оптимални за земјоделските култури во овој период од годината, велат од УХМР и додаваат дека појавата на мраз изминатата седмица веројанто е последна за оваа пролет.