Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денеска во летното издание на „Click Plus“ на ТВ21 одговори дали има конечна одлука за штрајкот во УЈП.
Според неа, во петокот е постигнат договор со синдикатот, и вработените ќе добијат покачување на плата.
„Потпишан е колективен договор во петокот меѓу „Солидарност“ и УЈП и добиено е позитивно мислење од страна на Министерството за финансии“, вели Лукаревска.
На прашање кога вработените ќе добијат зголемување, Лукаревска истакна дека веќе следната плата ќе биде исплатена со 30% покачување.
Таа истакна дека договорот е постигнат колегијално, транспарентно преку мирно решавање на спорови.