Судиите и вработените во администрацијата во Основниот суд – Гевгелија самоиницијативно собрале пари за да ги донираат на Инфективна клиника во Скопје.
Златка Попова, претседател на Основен суд – Гевгелија, истакна дека поради тоа што Судот е Буџетски корисник и законски не смее да да донира, судиите и вработените со симболична сума од својата плата донираа, се со цел да ги мотивираат граѓаните да помогнат во борбата против Ковид-19.
– На овој начин ние сакаме да го прославиме и враќањето на пошироката надлежност на Основниот суд Гевгелија, која ни беше земена. Одлучивме дека сега нам ни е редот да дадеме, додаде Попова.