Вториот дел од трилогијата за жената чудо е филм со најголема заработка на киноблагајните во време на пандемија, по неговото деби на Божик.
Трет викенд по ред, „Вондер воман 1984“ го задржува првото место на северноамериканскиот боксофис.
Филмот изминатиов викенд заработи нови 3 милиони долари, што е за 47 проценти помалку од минатата недела.
Блокбастерот со Гал Гадот во главната улога досега има заработено кумулативни 32,6 милиони долари на домашен терен. По одлука на студиото „Ворнер брос“, новиот филм за суперхероината Дајана Принс премиерно се прикажа и на стриминг-сервисот „Ејч-би-о макс“.