Министерството за внатрешни работи пријави случај – транспортен воз што се движел од Гевгелија кон Скопје удрил во неколку мигранти, при што еден починал, а 5 се повредени
На 11.07.2021 во 00:40 часот било пријавено дека на пругата Гевгелија – Скопје, во близина на железничката станица во Криволак, во несреќа во која учествувал транспортен воз се повредени неколку мигранти, а едно лице починало на пат кон болница. Две лица се потешко повредени, додека другите три се полесно повредени,
се вели во соопштението на МВР
Шесте неповредени мигранти и се предадени на полицијата за понатамошна постапка.