• Sun. Nov 24th, 2024

Водата во Дојранското Езеро е безбедна за капење

Најновите испитувања на водата од Дојранското Езеро покажаа дека e безбедна за капење и за рекреација на луѓето!

Според последните извештаи од тестирањата на здравствената безбедност на водата од Дојранското Езеро, примероци земени од Градската плажа, плажата кај хотелот “Полин” и плажата “Гранико” е докажано дека водата кај трите спомнати плажи е во одлична состојба и истата може да се користи за капење и рекреација на луѓето.


Резултатите од испитувањата на езерската вода се сосема исти со минатата година, односно, резултатите ја истакнуваат нејзината непроменета одлична состојба и покажуваат параметри кои не се одразуваат штетно по здравјето на луѓето.
Во текот на летниот период неколку пати се земаат примероци од езерската вода за нејзино тестирање. 
Во прилог се извештаите од стручното мислење за здравствената безбедност на водата од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Велес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *