• Fri. Nov 22nd, 2024

Во цела држава санкционирани 148 пешаци Опсервер: Во цела држава санкционирани 148 пешаци

ByВане Трајков

May 31, 2022

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска во период од 07.00 до 11.00 часот при засилени акциски контроли на територијата на целата држава санкционираше 148 пешаци, од кои, 131 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин.

Од МВР велат дека на 37 пешаци им се издадени покани за посетување на сообраќајна поука. При акциските контроли регистрирани се и 62 други прекршоци, информираат од МВР. Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин, затоа што во спротивно ќе бидат санкционирани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *