• Fri. Nov 22nd, 2024

Во училиштата во струмичко- радовишкиот регион едни штрајкуваат други не

ByВане Трајков

Apr 27, 2022

Едни штрајкуваат други не но ученици речиси немаше никаде по училиштата или беа дојдени во помал број па се изведуваше настава. Ваква беше сликата низ училиштата во струмичко радовишкиот регион откако СОНК вчера донесе одлука да се продолжи штрајкот во образованието а во градинките да прекине.

Во општина Струмица уште минатата недела некој наставници почнаа да изведува  ат настава во нижите одделенија. Идентична беше сликата и денеска. Во дел од основните училишта од прво до петто одделение имаше настава а предметна некаде се изведуваше некаде не. Ученици немаше ниту во средните училишта иако дел од синдикалните организации донеле одлука да се прекине штрајкот.

Информацијата дека некаде се штрајкува а во некои училишта била донесена одлука да се прекине ја потврдија и од регионалниот СОНК од  каде соопштија дека во струмичко радовишкиот регион половина од синдикалните организации одлучиле да се прекине штрајкот и прифати понудата на Владата

Се упативме и во централната градинка Детска радост во Струмица. Таму и официјално е донесена одлука за прекин на штрајкот иако и во изминатите две недели се работеше во оваа установа. Сега децата сераспоредени согласно групите и возраста. За време на нашиот престој децата имаа пладневен одмор. Од градинката кажаа дека денеска биле примени околу 615 деца двеста повеќе од вчера

Согласно донесената одлука на советот на СОНК штрајкоте прекинат во градинките но не и во освноните и средните училишта. Министерот за образование ги повиек директорите да почне наставата. Од училиштата во струмичко радовишкиот регион соопштија дека веќе од утре ќе има официјално настава  каде синдикатот донел одлука за прекин на штрајкот

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *