Општина Гевгелија ги објави конкурсите за финансиска поддршка напроектите и настаните од областа на културата и спортот, како и на активностите на месните заедници и НВО. На конкурсот за финансирање проекти и програми од областа на култура од значење на општина Гевгелија за 2021 година право на учество имаат: уметници, самостојни уметници, установи од областа на културата, здруженија на граѓани, фондации и други физички и правни лица, регистрирани во Република Северна Македонија за дејности од областа на културата, согласно Законот за културата и други позитивни законски прописи во Република Северна Македонија. Конкурсот е во тек и трае до 13 ноември, 2020 година. На конкурсот за финансирање проекти и програми, активности и натпревари од областа на спортот од значење на општина Гевгелија за 2021 година имаат право да учествуваат: правни и физички лица – државјани на Република Северна Македонија. Под правни лица се подразбираат спортски здруженија, спортски клубови, здруженија на граѓани, училишни спортски сојузи, трговски друштва, акционерски друштва, трговци поединци регистрирани во Република Северна Македонија за вршење дејност спорт, како и правно лице кое покрај регистрацијата за вршење дејност од друга област, е регистрирано и за вршење дејност спорт. Конкурсот е во тек и трае до 13 ноември, 2020 година. На конкурсот за финансиска поддршка на Програмите на Месните заедници во општина Гевгелија за организирање културни активности во 2021 година имаат право да учествуваат сите активни Месни заедници, со легитимни органи на управување, коишто ги претставуваат интересите на жителите од своето населено место. Конкурсот е во тек и трае до 20 ноември, 2020 година. На конкурсот за финансиска поддршка на Здруженијата на граѓани од општина Гевгелија за организирање програмски активности во 2021 година имаат право да учествуваат сите регистрирани здруженија и фондации со седиште во општина Гевгелија согласно Законот за здруженија и фондации. Конкурсот е во тек и трае до 25 ноември, 2020 година. Пријавите за финансирање на активности од областа на културата и спортот, културните активности на Месните заедници и програмските активности на Здруженијата на граѓани апликантите можат да ги преземат од веб-страната на Општина Гевгелија: <http://www.gevgelija.gov.mk/>. Пријавите со потребните документи, апликантите треба да ги достават до Општина Гевгелија, преку пошта на адреса: ул. „Димитар Влахов“ бр.4, Гевгелија или во Архивата на Општина Гевгелија, најдоцна до 16:00 часот на последниот ден од завршувањето на Конкурсот, со назнака за конкурсот, за кој конкурираат.