Продолжуваат градежните активности за реконструкција на улици кои поради големо оштетување беа наметнати како приоритетни во општина Гевгелија и населените места. Во моментот течат активностите во населеното место Миравци, за реконструкција на вкупна површина од 3450 м2.
Станува збор за три улици на кои во минатото била поставена нова фекална канализација, но не била извршена целосна реконструкција.
По барање на жителите од Миравци во овој зафат ќе бидат опфатени:
- ул. „Едвард Кардељ“ во должина од 350 метри и 1750м2
- ул. „Иднина“ во должина од 300 метри и 1500м2
- дел од ул. „Кирил Танев“ во должина од 33 метри и 165м2.