До крајот на септември, населеното место Сушево ќе добие ругулирано речно корито, улица од 1200 метри со пешачка патека која ќе биде осветелена и мост на сушевскиот порој за што ќе се инвестираат околу 37 милиони денари. Тендерите се завршени а изведувачите ги почнаа градежните активности. Ова го потврди градоначалникот на Василево Ванчо Стојанов кој се интересираше како напредуваат работите за регулација на сушевски порој кој беше однесен од поплавите пред 4 години.
Сушевачани сметаат дека ова што се прави е во интерес и подигнување на квалитетот на животот во ова село.
Градоначалникот Стојанов подвлече дека до празникот на селото Св. Богородица сите три проекти ќе бидат реализирани а во тек е постапката и за изградба на пристапниот пат од кај Владевци
Сушево пред 4 години речиси беше однесено од надојдените води по поројите дождови. Во ова село имаше најмногу штети во инфраструктурата