Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила утринава во 4 часот на магистралниот пат Струмица – Ново Село, кај местото викано Сушичко стопанство.
Според информациите на полицијата, во несреќата учествувале автомобил „Голф“ управуван од Р.П. (46) од Василево и трактор во кој се превезувале повеќе лица. На самото место загинал Д.Р. (24) од делчевско Вирче.
Полицијата е на местото на несреќата, по што ќе бидат познати повеќе детали.